24фудбал

Мбапе: Немам ништо против да трчам повеќе за Меси да оди, не можете да го споредите со Нејмар

Килијан Мбапе вели дека нема ништо против да трча повеќе за Лео Меси да штеди енергија, и додава дека пристигнувањето на Аргентинецот во ПСЖ е нешто посебно, поголем настан и од трансферот на Нејмар.

Франција

Килијан Мбапе денеска имаше интервју за Л’Екип, Французинот повторно говореше за желбата да замине од ПСЖ, но се осврна и на „бомбата“ од летниот преоден рок и пристигнувањето на Лео Меси.

„Секогаш велев дека сакам да играм со големи играчи, и оваа година ми се исполни желбата. Кога играте го големи играчи, потребно е да правите одредени отстапки. Не сте само вие голем играчам, има уште неколку како вас“ – вели Килијан Мбапе.

„Немам проблем со тоа што имам нова улога. Немам ништо против да трчам повеќе за Меси да оди, немам проблем! Се работи за Меси!“

„Никогаш не замислував дека ќе дојде тука. Тој е еден од неколкуте играчи за кој сметав дека е невозможно да играм со него. Мислев дека никогаш нема да замине од Барселона. Во целост уживам во секој момент поминат со него. Не треба да заборавиме дека е привилегија. Се работи за човек кој го обожава фудбалот. Разговара со сите, се обидува да се вклопи на сопствен начин и покрај тоа што е малку срамежлив. Кога Нејмар пристигна, беше нешто слично. Беше извонредно, но со Меси е нешто сосема друго, нешто посебно, не можете да го споредите. Неверојатно е да помислите дека освен дресот на Барселона, го облекол и оној на ПСЖ“.