24фудбал

Куман откажал договорено интервју за холандски медиум, причината е Барселона

Роналд Куман морал да одбие интервју во Холандија поради Жоан Лапорта кој му забранил да зборува со медиумите.

Шпанија

Куман имал закажано интервју за шоуто HLF8 во Холандија, тоа требало да се случи за време на репрезентативната пауза, но откажал.

Според холандските медиуми, Куман интервјуто го догворл минатата среда и рекол дека ќе го одржи без разлика дали во меѓувреме ќе добие отказ или ќе остане тренер на Барселона.

Но, Лапорта во последниот разговор со Куман му рекол дека не смее да дава интервјуа овој период. Освен редовните прес конференции пред и после натпреварите на Барселона, други активности со медиумите не смее да има. По што Холанѓанецот бил приморан да го откаже интервјуто.