24фудбал

Барселона ќе ги исклучи моторите на четири и пол денови

И натаму неизвесна е иднината на Роналд Куман на клупата на Каталонците, холандскиот фудбалски стратег самиот по средбата со првиот човек на клубот Жоан Лапорта објасни дека мора да се добијат следните три меча.

Шпанија

Изминатиот месец не помина низ позитивни резултати за Роналд Куман и Барселона, а холандскиот фудбалски стратег се надева дека интернационалната пауза ќе донесе одново полни батерии во тимот.

Фудбалерите на Каталонците кои не се дел од репрезентативниот собир ќе тренираат до среда, а потоа ќе добијат четири и пол денови одмор, а тренинзите во клубот ќе продолжат од идниот понеделник.

Барселона идната недела на домашен терен го пречекува составот на Валенсија во новиот предизвик во Примера, а три дена потоа следи и дуелот против Динамо Киев во Лигата на шампионите, исто така на свој терен.

Каталонците по седум одиграни кола во Примера се наоѓаат на деветото место со 12 освоени бода, односно три победи, исто толку ремија, но и еден пораз.