24фудбал

Мурињо до Спалети: Голем Спалетоне, што правш? Сакаш да ги добиеш сите мечеви, треба да го загубиш... (ВИДЕО)

Мурињо и Спалети имаа кратка но интересна видео конверзација по мечевите на нивните клубови синоќа во Серија А.

Италија

Двата тима играа од 18 часот, Рома со 2-0 го победи Емполи, а Наполи со 2-1 славеше на гостувањето кај Фиорентина.

По завршувањето на мечевите, Мурињо и Спалети даваа изјави за „ДАЗН“, па во еден момент се погодија двајцата да бидат вклучени во живо.

Наполи е перфектен, со седум победи од седум натпревари, а нивниот следен гостински меч е против Рома. 

„Голем Спалетоне, што правиш? Сакаш да победиш на сите натпревари?“, му рече Мурињо на Спалети.

„Биди добар, вие сте опасни“, врати Спалети.

„Треба да го загубиш следниот гостински натпревар... (против Рома)“, продолжи да се шегува Мурињо.

По завршувањето на репрезентациите, Рома најпрво му гостува на Јувентус, а потоа го пречекува Наполи.