24фудбал

РДТ погоди против Реал и не се штедеше при прославата, Еспањол го изненади фаворитот (ВИДЕО)

Реал Мадрид го забележа првиот пораз во Ла Лига оваа сезона, „кралевите’ загубија на гостувањето кај Еспањол, повратникот во елитата го изненаде фаворитот и славеше со 2-1.

Шпанија

По шокантниот пораз од Шериф во Лигата на шампиони, избраниците на Карло Анчелоти вечерва загубија и во Ла Лига, Еспањол го изненади фаворитот и славеше со 2-1.

Повратникот во елитата поведе во 17. минута, детето на Реал Мадрид, Раул Де Томас одлично се снајде, дојде до една топка на првата статива, го матираше Куртоа за 1-0 и не се штедеше при прославата.

По еден час игра, домаќините поведоа со 2-0, Алеш Видал тргна од половина терен, лесно се ослободи од Начо и реализираше за зголемување на предноста.

Карим Бензема погоди за 2-1 во 71. минута, но тоа беше се што сторија „кралевите“ кои на крајот мораа да се помират со прв пораз во Ла Лига оваа сезона.