24фудбал

Пике ја потврди инфериорноста на Барса: И три часа да игравме, немаше да му дадеме гол на Атлетико

Барселона синоќа загуби уште еден меч, овојпат на гостувањето кај Атлетико Мадрид со 2-0.

Шпанија

По поразот од Бенфика во Лигата на шампионите, Барса синоќа уште доживеа уште еден пораз. Овојпат беше очекувано, Атлетико Мадрид е во многу подобра состојба во моментов од Барселона.

Како и да е, фановите на Барселона се надеваа на подобро издание на своите фудбалери, но тоа не се случи. Пике вели дека да играле и три часа, не можеле да дадат гол.

„Добро го почнавме мечот, притиснавме, бевме храбри, но тие поведоа. Постигнаа два гола од малку шанси, а потоа да игравме уште три часа немаше да дадеме гол. Патиме во моментов, проблемот е комплексен но мора да продолжиме да се бориме. Треба да ја искористиме паузата која следува и да се вратиме посилни“, вели Пике.

По првиот гол на Атлетико Мадрид, камерите ги уловија Пике и Бускетс како се расправаат.

„Го коментиравме примениот гол. Немаме само еден проблем, луѓето веќе ги гледаат недостатоците кои ги имаме. Ова се тешки моменти, многумина од нас никогаш не биле во ваква ситуација“.