24фудбал

Лапорта ја соопшти одлуката за Роналд Куман

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта информираше дека Роналд Куман се уште има доверба од раководството и тој ќе остане тренер без разлика на резултатот против Атлетико Мадрид.

Шпанија

Поголемиот дел од информациите велеа дека Барселона му подготвува отказ на Куман иако таквата операција во моментов е скапа за каталонскиот клуб.

Сепак донесена е одлука Куман да продолжи да го води тимот.

„Роналд Куман ќе продолжи да биде тренер на Барселона без разлика на резултатот против Атлетико Мадрид. Тој ја заслужува довербата, Куман е легенда на Барселона и јас го ценам тоа што тој прифати да биде тренер на тимот во овој тежок период. Куман ја сака Барселона, тој е референтна точка на клубот. Сите ние зеднички ќе се обидеме тимот да бележи добри резултати“, вели Лапорта.