24фудбал

ПСЖ сака да го замени Мбапе со Халанд, Рајола ги шокирал со барањето за плата од 50 милиони евра

Според пишувањата на Газета дело Спорт, ПСЖ се распрашувал за можноста Ерлинг Халанд да го наследи Килијан Мбапе, „светците“ биле шокирани кога Мино Рајола им побарал годишна плата од 50 милиони евра.

Франција

Килијан Мбапе ја одработува последната година од договорот со ПСЖ, се верува дека нема да ја продолжи верноста и беспари ќе се пресели во Реал Мадрид.

Раководството на „светците“ веќе кројат планови при едно вакво сценарио и го идентификувале Ерлинг Халанд како наследник на Килијан Мбапе.

Газета дело Спорт пренесува дека спортскиот директор Леонардо стапил во контакт со Мино Рајола и се распрашувал за услугите на Норвежанецот, но останал шокиран кога контроверзниот агент го известил дека на маса треба да стави 50 милиони евра годишна плата.

Мино Рајола се правдал дека поради откупната клаузула во договорот на Ерлинг Халанд (75 милиони евра), ПСЖ ќе плати далеку помалку од тоа што реално вреди напаѓачот на трансфер пазарот, па и со плата од 50 милиони евра годишно, трошоците на целокупната зделка нема да бидат толку големи.