24фудбал

Филмски грабеж во хотелот во кој живее Лео Меси во Париз

Медимите пренесуваат дека во луксузниот хотел во кој живее Лео Меси и неговото семејство во Париз, се случил филмски грабеж во кој неколку гости останале без вредни предмети и пари.

Франција

По трансферот во ПСЖ, Лео Меси го одбра луксузниот хотел „Ројал Монсо“ за привремен дом, едно ноќевање во апартманот во кој е сместен Аргентинецот и неговото семејство чини 20.000 евра.

Присуството на Лео Меси придонело да има зајакнато обезбедување, но и покрај тоа, неодамна се случил филмски грабеж.

Маскирани крадци се спуштиле од покривот, и преку отворена врата на балконот на шестиот спрат (Лео Меси е сместен на петиот спрат) успеале да влезат во хотелот. Биле ограбени четири соби, гостите останале без вредни предмети и пари.

Семејството на Лео Меси не било ограбено, но фудбалерот сигурно нема да се чувствува пријатно.

Извор од полицијата за Сан изјавил: „Јасно е дека ова е сериозен безбедносен упад и се води истрага. Има докази кои сугерираат дека е одговорна искусна банда“.

Една од жртвите на грабежот за висникот рекла: „Да платите богатство за фенси и безбеден хотел и некој да ви влезе во соба е вознемирувачко. Полицијата ни рече дека на безбедносните камери забележале две лица со торба на покривот но не можеле да ги идентификуваат“.