24фудбал

Наполи го прокоцка водството кое го донесе Елмас, пораз од Спартак Москва (ВИДЕО)

Прв пораз за Наполи под водство на Лучијано Спалети, италијанскиот тим загуби од Спартак Москва со 3-2 на свој терен.

Лига Европа

Натпреварот почна идеално за Наполи, по само 11 секунди игра, Елиф Елмас постигна гол за водство од 1-0.

Но клучниот момент се случи во 29. минута кога Марио Руи доби црвен картон и го остави својот тим со фудбалер помалку.

Спартак ја презема иницијативата и почна да напаѓа за израмнување. Тоа се случи по десет минути игра во второто полувреме кога Промес израмни на 1-1.

Игнатов во 81. минута погоди за пресврт и водство на рускиот тим од 2-1, во следната минута Кауфриз заработи втор жолт картон па силите на теренот беа израмнети.

Но повторно следуваше гол на Спартак, Промес постигна уште еден гол за 1-3, а на крајот Наполи преку Осимен само го ублажи поразот на 3-2.

Во оваа група денеска Легија со 1-0 го победи Лестер.

Прва е Легија со шест бода, три има Спартак Москва, по еден имаат Наполи и Лестер.