24фудбал

Елмас во 11. секунда даде гол, втор најбрз во историјата на Лига Европа! (ВИДЕО)

По само 11 секунди игра на натпреварот Наполи - Спартак Москва, Елиф Елмас даде гол, му донесе водство на својот тим.

Лига Европа

Има разни информации секундата во која е постигнат погодокот на Елиф Елмас, според УЕФА тоа е во 11. секунда. Тоа би значело дека голот на нашиот фудбалер е втор најбрз во Лига Европа.

Најбрзиот го има постигнато Јан Сикора во 2016, во 10 секунда.