24фудбал

Алегри: Секоја чест за Челси, но Шчесни немаше потреба од ниту една интервенција

Јувентус го победи Челси со 1-0, Масимо Алегри ја доби тактичката битка со Томас Тухел.

Лига на Шампиони

Јувентус има лош старт во Серија А, но добро почна во Лигата на шампионите. Синоќа дојде до триумф над актуелниот шампион на Европа.

Алегри особено по дадениот гол се одлучи за дефанзива која функционираше одлично и не му даде на Челси да создава сериозни шанси. На крајот тоа се исплатеше.

„Вообичаено, кога морнарите се во бурно море, тие секогаш можат да го најдат излезот. Тоа го направивме вечерва со одлчен натпревар против шампионот на Европа“, изјави Алегри.

„Можеме да играме подобро од ова во техничка смисла, но не реализиравме неколку чисти шанси, а имавме и неколку опасни контри исто така“.

„По два меча, шест освоени бода без примен гол е добар чекор кон осминафиналето“.

„Јувентус мора да знае како да победува на вакви натпревари, да се бори и да игра на резултат. Тоа го направија момците вечерва“.

„Со секоја почит за шампионот на Европа, но Војчех Шчесни немаше потреба да направи ниту една вистинска интервенција“.