24фудбал

Бенфика ја понижи Барселона, нов „шамар“ за Куман (ВИДЕО)

Барселона доживеа нов дебакл во Лигата на шампионите откако со 3-0 загуби на гостувањето кај Бенфика.

Лига на Шампиони

Ако поразот од Баерн Минхен во првото коло можеше да се предвиди, денешното понижување од Бенфика уште посилно ќе ги заболи навивачите на Барселона.

Тимот на Роналд Куман имаше кошмарна ноќ во Лисабон каде Бенфика дури трипати ја тресеше нивната мрежа. 

Два од головите беа дело на Нуњез, еднаш погоди Рафа Силва.

Доколку финансиската состојба во Барселона беше нормална, можеби ова ќе беше последниот меч за Куман на клупата, но вака веројатно ќе се задржи уште некое време поради фактот што ако биде отпуштен ќе треба да добие и сериозно обесштетување а клубот ќе треба да ангажира и нов тренер кој не може да биде евтин.

Баерн Минхен со убедливи 5-0 го победи Динамо Киев, два гола постигна Левандовски, по еднаш реализираа Гнабри, Сане и Чупо Мотинг.

Салцбург со 2-1 го победи Лил, Волсбург и Севиља одиграа нерешено 1-1. Претходно Зенит со 4-0 беше подобар од Малме, Аталанта со 1-0 славеше над Јанг Бојс.