24фудбал

Јувентус го победи Челси, Киеза му пресуди на Европскиот шампион (ВИДЕО)

Јувентус со 1-0 го доби дербито на денот во Лигата на шампионите против Челси, Киеза беше херојот на италијанскиот тим, тој беше стрелец на единствениот гол.

Лига на Шампиони

Со гол на Киеза на самиот старт од второто полувреме, Јувентус со 1-0 го победи Челси.

Тимот на Алегри главно играше дефанзивно, особено по дадениот гол. Челси имаше посед, се мачеше да создава шанси, одбраната на Јувентус беше беспрекорна и ја задржа предноста.

Ова е значаен триумф за тимот на Алегри кој има тежок старт на новата сезона.