24фудбал

Кристијано Роналдо сруши нов голем рекорд

Со самото појавување на теренот, Роналдо вечерва урна рекорд, тој стана фудбалерот со најмногу настапи во историјата на Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Вечерва Роналдо по 178. пат игра натпревар во Лигата на шампионите, тоа е најмногу настапи на еден фудбалер во ова натпреварување.

Претходниот рекорд го држеше Икер Касиљас кој има брането на 177 меча во Лигата на шампионите.

Третото место го делат Меси и Чави со по 151 натпревар, но Аргентинецот наскоро ќе биде осамен на третата позиција.