24фудбал

„Велеа дека не треба да има место за тимови како Шериф во ЛШ, но ние покажавме дека тука е нашето место“

Шериф направи вистинска сензација откако со 2-1 победи на гостувањето кај Реал Мадрид, молдавскиот тим испишува историја, а актерите на синоќешниот меч не го криеа задоволството.

Лига на Шампиони

Шериф направи огромно изненадување, но ако подобро се анализираат нивните настапи може да се заклучи дека ова не беше случајно. На патот кон Лигата на шампионите тие релативно лесно ги елиминираа Црвена звезда и Динамо Загреб. Во првото коло од групната фаза беа прогласени за аутсајдери и против Шахтар но победија со 2-0.

Трнерот на Шахтар, Јуриј Вернидаб вели дека ова за нив е многу емоционална победа, тие докажале дека нивното место е во Лигата на шампионите и ги замолкнале злите јазици кои се сомневале во нивниот квалитет.

„Ова е премногу емоционално. Многу ги почитувам моите момци за оваа одлична работа која ја направија. Ние сме вистински тим“, вели тренерот на Шериф, Јуриј Вернидаб.

„Некои големи фудбалери претходно рекоа дека не треба да има место во Лигата на шампионите за тимови како Шериф, но ова е наше место и ние го докажавме тоа“.

„Направивме чудо, победивме. Многу сум среќен и горд за Шериф, но уште повеќе сум горд на моите момци“.

Дефанзивецот Густаво Дуланто вели дека сонувал за победа на Бернабеу.

„Сонував за победа на Бернабеу, секогаш ги следев натпреварите на Мадрид, тие се најуспешниот тим во Лигата на шампионите па да ги победите на нивен терен не огромно достигнување“, вели Дуланто.

„Долг е патот не смееме да се опуштиме бидејќи нема логика во фудбалот, денешниот резултат го покажа тоа“.

Капитенот Франк Кастанеда вели дека знаеле дека можат да победат на Бернабеу.

„Знаеме дека можевме да победиме тука и пред натпреварот го имавме тоа во нашите глави, верувавме дека можемем и јас како капитен се обидов да го мотивирам тимот и да им кажам дека можеме да го направиме тоа бидејќи ова е фудбал“, велли Кастанеда.

„Реал Мадрид е историски тим но на теренот сме 11 на 11, тука дојдовме да победиме и го направивме тоа“.