24фудбал

Фердинанд не може да поверува: Ова е непочитување кон Меси, некој требал да му каже НЕ, НЕ, НЕ на Покетино!

Рио Фердинанд не може да поверува дека Лео Меси доби задача да легне позади живиот ѕид и да блокира удар, вели дека ова е непочитување кон Аргентинецот и некој друг требал да ја превземе таа улога.

Лига на Шампиони

ПСЖ синоќа со 2-0 го совлада Манчестер Сити во Лигата на шампиони, натпревар на кој Лео Меси го постигна својот прв гол во дресот на „светците“. Аргентинецот одлично комбинираше со Килијан Мбапе и прекрасно погоди во аголот.

Но по крајот на натпреварот големо внимание му се посвети на еден момент од финишот, Лео Меси доби задача да легне позади живиот ѕид и да блокира удар по земја.

Рио Фердинанд, кој беше стручен коментатор за БТ, не можеше да поверува што гледа.

„Моментот кога Маурисио Покетино му кажал да го направи ова на тренинг, некој требал да отиде до тренерот и да му каже, „Не, не, не, не, не, не“. Ова не му се случува на Лео Меси“ – вели поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед.

„Ова е непочитување кон Меси. Доколку јас бев во тимот, ќе му кажев, „Станувај, јас ќе легнам место тебе“. Извинете, но нама шанси да го оставам да лежи така. Не можам да го гледам. Не го валка дресот на овој начин, Меси не прави вакви работи“.

Лео Меси не беше единствената ѕвезда на ПСЖ во ваква ситуација, претходно Килијан Мбапе легна позади живиот ѕид.