24фудбал

Нејмар преку инстаграм го тролаше Меси за неговото лежење на жив ѕид (ФОТО)

Победата над Манчестер Сити значително ја подобри атмосферата во таборот на ПСЖ, а Нејмар по мечот го истрола својот добар пријател Меси.

Лига на Шампиони

Меси синоќа го постигна својот прв гол во дресот на ПСЖ, но Аргентинецот имаше и уште еден впечатлив момент на натпреварот.

При еден слободен удар за Манчестер Сити во финишот од натпреварот, Лео Меси беше фудбалерот кој легна позади живиот ѕид на својот тим.

Изненадувачки беше да се види Меси во оваа улога, па Нејмар преку инстаграм стори го истрола неговиот пријател. Тој напиша: „Меси, што правиш таму?“ и му се изнасмеа.