24фудбал

Симеоне: Милан беше супериорен во поглед на нас кога бевме 11 на 11

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне признава дека неговиот тим бил инфериорен во однос на Милан пред црвениот картон на Кеси.

Лига на Шампиони

Милан одлично го почна мечот против Атлетико Мадрид, поведе со гол на Леао, но во 29. минута Кеси заработи втор жолт картон и работите на теренот се променија.

Атлетико Мадрид воспостави рамнотежа, во вториот дел посилно тргна кон голот на Милан и на крајот со три бода си замина од Сан Сиро.

„Да почнеме од почеток. Милан беше супериорен во однос на нас, играа многу брз, динамичен стил на фудбал“, вели Симеоне.

„Природно, по црвениот картон тие почнаа да чуваат одредена територија и ние полека влегувавме во натпреварот кој не го ни почнавме дотогаш“.

„По паузата излеговме гладни, се обдовме да скршиме тим кој беше добро организиран. Навистина ни беше потребна оваа победа“.

Уште пред крајот на првото полувреме Симеоне направи замена, го извади Кондогбија кој доби жолт картон, но тренерот вели дека тоа не е причината.

„И онака ќе го извадев Кондогбија. Кажав дека кога бевме 11 на 11, Милан беше подобар и нема сомнеж во тоа. Во второто полувреме дадовме се што имаме“.