24фудбал

Гвардиола: Невозможно е 90 минути да се контролира Меси

Манчестер Сити ја загуби првата битка против ПСЖ оваа сезона во Лигата на шампионите во меч кој ќе се памети по првиот гол на Меси за францускиот клуб.

Лига на Шампиони

Манчестер Сити не одигра лош меч, но не ги искористи своите шанси, особено онаа на Бернардо Силва кој од три метри успеа да ја погоди пречката наместо празниот гол.

„Се справувавме со ПСЖ пред се, но знаевме дека е невозможно да го контролираме Меси 90 минути“, вели Пеп.

„Тој не беше многу во допир со топкката, се разбира се враќаше од повреда, потребен му е ритам, но знаеме прилично добро дека кога може да трча и кога е топката со него дека тој е незапирлив“.

„Ние се обидовме да ги сведеме на минимум таквите опции за него и да креириаме шанси за нас, задоволен сум од начинот на кој одигравме“.

„Дојдовме тука, го игравме нашиот фудбал, но секогаш постоеше ризик кога ќе ја загубиме топката, тие може да направат еден пас, особено со Верати кој е исклучителен фудбалер, кој може да им додаде на Меси или Нејмар а потоа е тешко“.

„Одигравме навистина добар натпревар, но требаше да постигнеме голови, не го направивме тоа и изгубивме“.