24фудбал

Меси: Колку почесто играме заедно јас, Мбапе и Нејмар, толку подобро ќе биде

Лео Меси е среќен поради својот деби гол во дресот на ПСЖ и смета дека најдоброто од напаѓачкото трио допрва доаѓа.

Лига на Шампиони

Вчера ПСЖ го победи Манчестер Сити со 2-0, а Лео Меси го постигна својот прв гол за францускиот клуб.

Тој се прилагодува на новата средина, ја учи играта на тимот и смета дека пред него се подобри денови.

„Навистина го сакав ова, во изминатиот период не играв многу. Го учам тимот и моите соиграчи малку по малку. Знам дека ова беше многу важен момент. Сега треба да продолжиме, има уште многу натпревари оваа сезона“, вели Меси.

„Колку повеќе Нејмар, Мбапе и јас играме заедно, толку подобро ќе биде“.