24фудбал

Анчелоти: Тешко е да се објасни...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не е загрижен по поразот од Шериф, вели дека е задоволен од играта и тешко му е да го објасни поразот.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид со гостинска победа над Интер ја почна новата сезона од Лигата на шампионите, но синоќа следуваше студен туш на Бернабеу, пораз од Шериф кој важи за аутсајдер во групата.

Дебитантот Шериф е потценет клуб кој досега покажа дека има многу квалитет. Откако релативно лесно ги елиминираше Црвена звезда и Динам Загреб во квалификациите, Лигата на шампионите ја почна со победа над Шахтар, а сега триумфираше и над Реал Мадрид.

Анчелоти вели дека тие не одиграле воопошто лошо за да загубат, а тоа дава дополнителна тежина на победата на Шериф.

„Повеќе сме тажни отколку загрижени. Одигравме натпревар со интензитет и посветеност. Загубивме поради мали детали. Тимот играше добро, но можевме да бидеме попрецизни во последната третина од теренот. Тешко е да се објасни. Шериф се бранеше одлично и знаеше како да ги искористи шансите“, вели Карло Анчелоти.