24фудбал

Во Италија се бесни на судењето, топката прво во рака го удри Лемар, а потоа Калулу! (ВИДЕО)

Италијанските медиуми како и сите во табороот на Милан се во неверување како ВАР одлучи Атлетико Мадрид да добие пенал.

Лига на Шампиони

Медиумите во Италија, речиси без исклучок сметаат дека Милан е ограбен, ВАР не требаше да дозволи Атлетико Мадрид да добие пенал.

При резултат 1-1, во 92. минута судијата покажа на белата точка поради играње со рака од Калулу.

Но снимките покажуваат дека најпрво Лемар со левата рака ја допира топката, а потоа таа го удира Калулу во раката.

„Не разбирам, има ВАР, тие ги носат одлуките, не знам што да кажам. Боли кога ќе загубите вака“, вели Бенасер.

Во ВАР собата се гледаше снимката, но и покрај тоа беше донесена одлука да биде пенал за Атлетико Мадрид.