24фудбал

ПСЖ го доби големото дерби против Манчестер Сити, деби гол за Меси (ВИДЕО)

ПСЖ со 2-0 го победи Манестер Сити во големото дерби од Лигата на шампионите, Лео Меси го постигна првиот гол за францускиот клуб.

Лига на Шампиони

ПСЖ ја доби денешната битка со Манчестер Сити, дојде до првата победа оваа година во Лигата на шампионите.

Домаќините поведоа уште во осмата минута со гол на Геј кој убаво пласираше една топка.

Манчестер Сити можеше брзо да израмни, но двапати во една акција ја погоди пречката, промашувањето на Бернардо Силва беше неверојатно.

Во финишот од првиот дел Де Брујне направи старт за црвен картон, но судијата му даде само жолт.

Во вториот дел Манчестер Сити доминираше на теренот, но не успеа да постигне гол. 

За разлика од нив, тивкиот Меси до 74. минута, по едно одлично проигрување со Мбапе постигна прекрасен гол за 2-0.

Во вториот меч од оваа група Клуб Бриж со пресврт со 2-1 победи на гостувањето кај Лајпциг.