24фудбал

Реприза од минатата сезона, Шахтар и Интер одиграа уште еден меч без голови

Минатата сезона во Лигата на шампионите двата меча меѓу Шахтар и Интер завршија без голови, а така беше и денеска на нивниот дуел.

Лига на Шампиони

И двете екипи имаа свои шанси, мечот беше рамноправен во првото полувреме, а во вториот дел Шахтар беше тимот кој повеќе напаѓаше.

Прв се закани Шахтар преку Соломон уште во петтата минута, па следуваа три шанси на Интер, не реалзираа Барела кој ја погоди пречката, Мартинез утна од непосредна близина, а потоа Џеко сам од три метри успеа да го префрли голот.

Во вториот дел исто така по пет минути игра Шахтар прв се закани, а Интер и покрај дефанзивната игра вов финишот за една минута преку Кореа и Де Вриј создаде две шанси кои не ги реализираше.

Во вториот дуел од овој термин Ајакс со 2-0 го победи Бешикташ, головите беа дело на Бергуис и Халер во првото полувреме.