24фудбал

Се зголемуваат проблемите за Тухел пред мечот со Јувентус, Канте е позитивен на ковид-19

Нголо Канте ќе го пропушти утрешното гостување на Челси во Торино против Јувентус во ЛШ, тој е позитивен на ковид-19.

Лига на Шампиони

Тухел кој и онака се соочува со отсуства на фудбалери, нема да може да смета ниту на Нголо Канте кој има коронавирус.

Тој ќе го пропушти и саботниот натпревар од Премиерлигата против Саутемптон.

Покрај Канте, Тухел за мечот со Јувентус нема да може да смета ниту на Пулишиќ, Маунт и Рис Џејмс.