24фудбал

УЕФА ги повлече казните и веднаш тргна во офанзива, достави жалба и побара судијата да биде иземен

Европската куќа на фудбалот ја примени наредбата на судот од Мадрид, ги повлече казните против клубовите од проектот „Суперлига“ но веднаш тргна во офанзива, достави жалба да повисок суд и побара судијата да биде иземен.

Останато

Судот од Мадрид и даде рок на УЕФА до вторник (на полноќ) да ги повлече сите казни кои беа изречени против клубовите од проектот „Суперлига“ и за ова да објави на својата веб страна.

Европската куќа на фудбалот, доцна синоќа брифираше дека ќе ја почитува оваа одлука, казните се повлечени, но битката продолжува.

УЕФА утрово соопшти дека тие секогаш се воделе според Статусот и Правилата, законодавството на ЕУ, Европската конвенција за човекови права како и законодавството на Швајцарија, па ќе продолжи да ја брани својата позција.

Тие доставиле барање судијата од овој процес да биде иземен, бидејќи имало голем број на нерегуларности во процесот. УЕФА очекува (според законодавството на Шпанија) судијата веднаш да се повлече додека се решава по ова барање.

Исто така, УЕФА доставила жалба до повисок суд во Мадрид и ќе продолжи да ги превземе сите неопходни чекори за да ги брани своите интереси, но и интересите на сите други страни инволвирани во фудбалот.