24фудбал

Нов гол на Тричковски, четири од четири (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Тричковски во голем стил ја почна новата сезона во Кипар, по четири одиграни кола веќе има четири гола.

Македонија

АЕК Ларнака со 1-0 го победи Олимпијакос Никозија, голот го постигна Тричковски од пенал.

Тој беше стрелец и на мечевите против Докса (1-1), Омонија (2-1) и Пафос (1-1) во првите три кола.

АЕК Ларнака во досегашниот дел од шампионатот постигна пет гола, а дури четири од нив се на Иван Тричковски.