24фудбал

Гвардиола: Не знам како да ги запрам Нејмар, Меси и Мбапе

Пеп Гвардиола вели дека во нападот на ПСЖ има премногу квалитет и не знае како ќе ги запре на утрешниот меч од Лигиата на шампионите.

Лига на Шампиони

Утре ПСЖ го пречекува Манчестер Сити во натпревар од Лигата на шампионите, дуел кој со нетрпение се чека со оглед на квалитетот на двата тима.

Овие две екипи се соочија и минатата сезона, тогаш Манчестер Сити го елиминираше ПСЖ.

„Со оваа количина на квалитет не знам како да ги запрам, премногу се добри. Оваа количина на талент ви ги отежнува работите“, вели Пеп Гвардиола пред утрешниот меч.

„Тие беа фантастичен тим минатата сезона. Тоа беше тесен двобој. А сега го имаат и Меси“.

Меси се жалеше на повреда на коленото, но последните информации велат дека тој е добар, тренира со тимот на ПСЖ, па ќе биде во составот за утрешниот натпревар.