24фудбал

Директорот на Дортмунд откри кој клуб го привлекува Халанд

Генералниот извршен директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке ги коментираше гласините за трансфер на Ерлинг Халанд, вели дека напаѓачот сам одлучува за својата иднина и открива дека Норвежанецот е привлечен од Реал Мадрид.

Германија

Подолго време се говори дека Ерлинг Халанд ќе направи трансфер следното лето, причина за ова е откупната клаузула од 75 милиони евра (некои извори велат дека ќе скокне на 90 милиони евра) која се активира во 2022 година.

„Ништо не е одлучено, ќе видиме дали ќе замине“ – вели генералниот извршен директор Ханс Јоаким Вацке во разговор со Спорт1.

„Но кога ќе прочитам како некои експерти велат, „Дортмунд е на берза, сигурно ќе го продадат Халанд следното лето“, ова е големо ср*ње!. Одлуката дали некој ќе биде продаден или нема да биде продаден ја носи бордот на директори“.

Тој одби да потврди или негира дали има откупна клаузула како што се пишува со години, и додава: „Самиот Ерлинг ќе одлучи. Ниту сум оптимист, ниту пак сум песимист“.

Ерлинг Халанд за агент го има контроверзниот Мино Рајола, но Ханс Јоаким Вацке не е загрижен.

„Имам добра соработка со Мино Рајола, луѓето грешат кога мислат дека го интересираат само парите. Тој на ум секогаш го има најдоброто за својот клиент, во случајов Ерлинг“.

„Во секој случај, Ерлинг еден ден ќе игра за еден од најдобрите клубови во светот, иако и во моментов игра за еден од најдобрите клубови. Знам дека е привлечен од Реал Мадрид“.