24фудбал

Проблеми за Алегри, Дибала и Мората го пропуштаат дуелот со Челси

Пауло Дибала и Алваро Мората поради повреди ќе го пропуштат престојниот меч на Јувентус во Лигата на шампионите против Челси.

Лига на Шампиони

Дибала по само 20 минути игра поради повреда со солзи во очите го напушти мечот со Сампдорија, а Мората излезе на осум минути до крајот.

Алегри потврди дека и двајцата нема да бидат во комбинација за дуелот со Челси но се надева дека ќе се вратат по репрезентативната пауза која е на почетокот од октомври.

„Тие нема да играат ниту против Челси, ниту против Торино. По градското дерби ќе има пауза и се надеваме дека ќе ги имаме после таа пауза“, потврди Алегри.

„Ова е дел од сезоната. Сега ни се случува на нас, понатаму ќе се случи на некој друг. Тоа е дел од играта. Треба да бидете добри во овие натпревари и без играчите на кои не можете да сметате“.