24фудбал

Манчестер јунајтед загуби од Астон Вила, Бруно Фернандеш промаши пенал во 93. минута (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед беше шокиран на свој терен откако загуби со 1-0 од Астон Вила, Бруно Фернандеш е трагичар откако не реализираше пенал во 93. минута.

Англија

Манчестер јунајтед и Астон Вила одиграа натпревар со шанси на двете страни кој го реши само еден погодок во финишот.

Особено во првиото дел беше динамично каде двете екипи имаа шанси, повеќето беа на страна на Јунајтед.

Единствениот погодок се случи во 88. минута кога дефанзивецот на Астон Вила, Корни Хаус погоди со глава по центаршут од корнер за 1-0.

Во судиското продолжение беше досуден пенал за Маначестер јунајтед, и покрај тоа што на теренот беше Кристијано Роналдо, Оле не го промени изведувачот од минатата сезона, Бруно Фернандеш биеше високо над голот.

Проблемите за Солшер на овој меч беа подлабоки, поради повреди предвреме мечот го завршија Лук Шо и Хари Мегваер.