24фудбал

Донарума не е среќен во ПСЖ, Рајола ќе го враќа во Италија?

Џиџо Донарума не е задоволен од статусот кој го има во ПСЖ и би можел брзо да се врати во Италија.

Франција

ПСЖ создаде дрим-трим кој е тешко да се менаџира, сите големи ѕвезди сакаат да играат, но нема место за сите.

Еден од таквите примери е голманската позиција, Донарума иако беше донесен како најдобар играч на Европското првенство, вообчаено во ПСЖ ја грее клупата, а Кејлор Навас е прв голман.

Донарума досега стартуваше само два пати, „Кориере дела Сера“ пишува дека тој е незадоволен од својот статус во ПСЖ.

Се верува дека доколку не се промени ситуацијата на Донарума, неговиот агент Мино Рајола ќе ја преземе работата во свои раце за да го направи среќен својот клиент.

Рајола би можел да се потруди да го врати Донарума во Италија, а таму единствен кандидат за неговиот потпис би бил Јувентус. Шчесни е во лоша форма на почетокот од сезоната, па раководството на Јуве би било заинтересирано за ангажман на младиот голман.

Но последниот збор ќе го има ПСЖ, Донарума стави потпис на петгодишен договор со францускиот клуб и не може ништо да направи доколку не добие зелено светло од раководството.