24фудбал

Абрахам во еден глас со навивачите на Рома ја пее химната на клубот (ВИДЕО)

Се чини дека младиот англиски напаѓач е повеќе од среќен во дресот на Римјаните, а веќе ја научил и купската химна.

Италија

23 годишниот Тами Абрахам во летниот преоден рок направи трансфер од Челси во Рома, каде беше голема желба на Жозе Мурињо, а на четири меча во „Серија А“ успеа да постигне еден гол и две асистенции.

Нема дилеми во тоа дека Англичанецот брзо се адаптираше во составот на Римјаните, а делува дека е среќен во новата средина, па камерите го уловија и како во еден глас со навивачите ја пее клупската химна.