24фудбал

60 годишниот тренер на Њукасл како „брз воз“ ги претрчува своите фудбалери (ВИДЕО)

Видеото кое беше објавено утрово на „Твитер“ за брзо присобра над 50 илјади лајкови, а фановите на популарната игра најдоа начин како да се пошегуваат на сметка на искусниот фудбалски стратег.

Останато

Шефот на стручниот штаб на Њукасл, Стив Брус, кој инаку не е омилен лик помеѓу навивачите на тој клуб, се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи поради едно видео кое за кратко стана вирално.

Се работи за неверојатната брзина која на „ФИФА 22“ му била поставена на 60 годишниот Брус кој во моментот кога тргнува да слави по една победа по изведување на пенали, ги претрчува сите свои фудбалери како „брз воз“.

Многумина на шега на социјалните мрежи коментираат дека веднаш дознале дека всушност темпото на „ФИФА 22“ всушност било лага, откако увиделе колку е брз Брус.