24фудбал

Наполи и Елмас продолжуваат перфектно во Серија А, убедлив триумф над Сампдорја (ВИДЕО)

Наполи со убедливи 4-0 победи на гостувањето кај Сампдорија, Елиф Елмас одигра нешто повеќе од 20 минути, Лацио во 90. минута од пенал се спаси од пораз кај Торино.

Италија

Пет од пет за Наполи на стартот од сезоната во Серија А, тимот предводен од Спалети останува единствениот со перфектен учинок.

Елмас во игра влезе во 68. минута, кога веќе беа поставени конечните 0-4.

Осимен постигна два гола, по еднаш погодија Руиз и Зиелински.

Лацио беше на прагот на пораз на гостувањето кај Торино кој дојде до водство од 1-0 со гол на Пјаца во 76. минута.

Во 90. минута беше досуден пенал за Лацио по фаул над Муричи, Имобиле беше прецизен за конечни 1-1.