24фудбал

Тимо Вернер откри зошто не шутирал пенал против Астон Вила

Тимо Вернер синоќа не шутираше пенал против Астон Вила, Германецот вели дека чувствувал болка во листот на ногата, па не сакал да ризикува ништо и им ја препуштил должноста на соиграчите.

Англија

Тимо Вернер синоќа беше стартер против Астон Вила во Лига купот, постигна погодок по десет минути игра во второто полувреме за водство на Челси од 1-0 но не превзеде одговорност да шутира од 11 метри во пенал серијата.

Германецот често знае да промаши зицер, па многумина побрзаа да го обвинат дека немал доволно самодоверба да изведе пенал. Напаѓачот сепак објаснува дека чувствувал болка во ногата и не сакал ништо да ризикува.

„Имав болки во листот на ногата и бидејќи ги искористивме сите замени, не можев да бидам повлечен од игра. Па, кога имате фит играчи на теренот, подобро е тие да шутираат околку јас“ – вели Тимо Вернер.