24фудбал

Солшер го одбил барањето на Роналдо, реши да се коцка и погреши

Оле Гунар Солшер сугерираше дека Кристијано Роналдо сакал да игра против Вест Хем во Лига купот но тој решил дека е подобро ЦР7 да одмори, стратегот реши да се коцка против „чеканите“ и тоа на крајот значеше елиминација.

Англија

Манчестер јунајтед испадна од трката за трофејот од Лига купот, „ѓаволите“ се сопнаа уште во третото коло и синоќа дома загубија од Вест Хем со 0-1.

Оле Гунар Солшер реши со втор тим да брка позитивен резултат, направи 11 измени и во стартниот состав немаше ниту еден фудбалер кој го започна натпреварот против Вест Хем во Премиерлигата во саботата, на кој беше издвојувана победа од 1-2.

И не само тоа, целосна поштеда добија Давид де Хеа, Хари Мегваер, Рафаел Варан, Лук Шо, Фред, Погба и Кристијано Роналдо, кои не се најдоа ниту на клупата за резерви.

Во разговор со Скај Спортс, Оле Гунар Солшер сугерираше дека Кристијано Роналдо сакал да игра, но тој решил дека е подобро ЦР7 да одмори. Запрашан дали ова е добар момент за Португалецот да одбори, тренерот на Манчестер јунајтед рече: „Да, сите знаат дека тој дојде и веднаш направи разлика, но сезоната ќе биде долга“.

„Сака да игра на што е можно повеќе натпревари, но мислам дека не е можно да игра вечерва“.

Запрашан дали превзема голем ризик со сите тие промени, Норвежанецот додава: „Доколку сакаме да бидеме успешни на крајот, потребен ни е целиот состав, потребно е минутажата да биде поделена“.

„Секако, има одреден ризик кога се прават толку многу измени“.