24фудбал

Анчелоти: Асенсио си ја најде вистинската позиција во тимот

Карло Анчелоти му даде шанса на Марко Асенесио, а тој блесна со хет-трик против Мајорка во победата на Реал Мадрид од 6-1.

Шпанија

Асенсио не беше задоволен од својот статус во Реал Мадрид, па имаше разговор со Карло Анчелоти. Тренерот му вети дека ќе му даде шанса, а фудбалерот синоќа максимално го искористи тоа.

„Асенсио може да игра многу добро на таа позиција меѓу линиите“, смета Анчелоти.

„Тоа е позиција на која тој може да му направи многу штета на противникот бидејќи има квалитет, шутира многу добро, добро комбинира со напаѓачите. Мислам дека ова е неговата позиција“.