24фудбал

Реал Мадрид до врв ја наполни мрежата на Мајорка, хет-трик на Асенсио (ВИДЕО)

Асенсио максимално ја искористи шансата која ја доби од Анчелоти и постигна хет-трик во победа на Реал Мадрид над Мајорка од 6-1.

Шпанија

Реал Мадрид одигра фантастична партија против Мајорка и славеше лесна победа, главна ѕвезда беше Асенсио.

Тој не беше задоволен од својот статус, но доби ветување од Анчелоти дека овој меч ќе му даде шанса, го стави како стартер, а тој врати со можеби својата најдобра партија во дресот на Реал Мадрид.

Дека црно ѝ се пишува на Мајорка, беше најавено уште во третата минута кога Бензема постигна гол за водство од 1-0.

Потоа на сцена стапи Асенсио, погоди во 24. минута за 2-0, во следната минута Ли Канг Ин намали на 2-1.

Во 29. минута Асенсио со својот втор гол на мечот му донес предност на Реал од 3-1, а по десет минути игра во второто полувреме погоди за негов хет-трик и високо водство на Реал Мадрид од 4-1.

Во 78. минута Бензема постигна втор гол на мечот за 5-1. Ова за него беше јубилеен 200. гол во Ла Лига.

Конечнитет 6-1 ги постави Иско во 84. минута од натпреварот.

По шест одиграни кола Реал Мадрид е прв со 16 бодови.