24фудбал

Тошевски дебитираше со гол во дресот на Горњик (ВИДЕО)

Работнички за трансферот на Тошевски во Ростов минатото лето инкасираше еден милион евра, а младиот фудбалер во изминатиот летен преоден рок беше испратен на позајмица во Полска.

Македонија

20 годишниот македонски интернационалец Давид Тошевски дебитираше со гол во дресот на Горњик Жабже, тим каде се пресели на позајмица од руски Ростов во летниот преоден рок.

Горњик славеше со 2-0 на домашен терен против Радомлак, а со тоа прогресираше во 16 финалето од националниот Куп на Полска, почетното водство на фаворитот го донесе токму нашиот фудбалер со гол во 39 минута, а на полувремето Македонецот беше заменет со легендарниот германски фудбалер Лукас Подолски.

Позајмицата на Тошевски во Горњик е за актуелната сезона, а клубот од Полска има опција и да го откупи неговиот договор идното лето.