24фудбал

Моментите со Ериксен останаа врежани во меморијата на Кјаер

Ериксен се рехабилитираше, му беше вграден и срцев имплант, а на Данецот не му е дозволено да игра фудбал во Серија А, каде има важечки договор со Интер до 2024 година.

Останато

Дефанзивецот на Милан, како и дански репрезентативец, Симон Кјаер не може да го заборави случајот со неговиот сонародник и соиграч од националната селекција, Кристијан Ериксен кој доживеа срцев напад на сред натпревар на Европското првенство.

Токму Кјаер со брза интервенција беше вистински херој кој му пружи прв помош на Ериксен, по што на сцена настапија медицинските лица, а тој, како што и самиот вели, никако не успева да ги заборави тие моменти.

Можеби ќе помине еден ден, два, кога не мислам на тоа, но не повеќе од тоа“ рече Кјаер за „Билд“.

Сево ова стана дел од нас, кога влеговме во натпреварот со Шкотска во мундијалските квалификации тоа го сторивме во нормални услови, меѓутоа лошите сеќавања се вратија“ додаде Данецот.

Потребно беше да преземам одредени чекори, најпрво за време на загревањето, потоа за време време на интонирањето на химната, а сето тоа ме шокираше од личен аспект“ подвлече Кјаер.