24фудбал

Хамес Родригез потпиша за Ал Рајан и доби специјална клаузула

Хамес Родригез ја продолжува кариерата во Катар, фудбалерот од Колумбија потпиша за Ал Рајан, медиумите шпекулираат дека си обезбедил клаузула според која во секое време може да го раскине договорот доколку добие понуда од ПСЖ.

Останато

Хамес Родригез стави крај на авантурата во Евертон, по само 12 месеци поминати на „Гудисон Парк“, плејмејкерот ја напушти Премиерлигата и се пресели во Катар.

Откако имаше шпекулации со денови, попладнево пристигна и официјална потврда на неговиот трансфер во редовите на Ал Рајан.

Според новинарот Ману Саинз, во договорот на Хамес Родригез има специјална клаузула според која тој може во секој момент да ја прекине соработката доколку добие понуда од ПСЖ.