24фудбал

Балотели продолжи со провокациите: Имаме мозок но и големи муда! (ФОТО)

Марио Балотели се огласи на социјалните мрежи, напаѓачот вели дека тој и неговите соиграчи од Адана Демирспор имаат мозок, но пред се муда и големо срце.

Останато

Бешикташ и Адана Демирспор синоќа одиграа возбудлив натпревар, домаќините водеа 3-0 но гостите не се предадоа и во 97. минута успеаја да се изборат за 3-3 и бод од гостувањето кај шампионот на Турција.

Во центарот на вниманието беше Марио Балотели, кој постигна голчиште во 79. минута од мечот и намали на 3-2. Напаѓачот веднаш се упати кон клупата на Бешикташ и испрати провокација до тренерот Серген Јалчин.

По крајот на натпреварот, луѓето од таборот на Бешикташ му се пуштија на Марио Балотели, настана голема мешаница и за малку не дојде до голем инцидент.

Сопственикот на Адана Демирспор изјави дека Марио Балотели претерал со својата прослава и не требал да се однесува така, но тоа не го спречи Италијанецот да испрати нова провокација на социјалните мрежи.

„Имаме мозок, но особено имаме муда и срце! Многу големо срце и горди сме на тоа“ – напиша контроверзниот напаѓач на Инстаграм.