24фудбал

Балотели постигна голчиште па тргна да расчистува сметки стари 8 години со тренерот на Бешикташ (ВИДЕО)

Марио Балотели предизвика голем инцидент на дуелот помеѓу Бешикташ и Адана Демирспор, напаѓачот постигна голчиште па тргна да расчистува сметки стари 8 години со тренерот на домаќините и да ја провоцира клупата.

Останато

Бешикташ и Адана Демирспор одиграа возбудлив натпревар, домаќините водеа со 3-0 но на крајот гостите си изборија за 3-3 и еден бод. Во центарот на вниманието беше Марио Балотели, контроверзниот Италијанец постигна голчиште за 3-2  и тргна да расчистува сметки стари 8 години.

Напаѓачот се упати кон клупата на Бешикташ, покажа со прстите кон главата и испрати провокација до тренерот Серген Јалчин.

Имено, Серген Јалчин во 2013 ја коментираше фамозната глупост на Марио Балотели против ЛА Галакси и рече дека напаѓачот „нема мозок“.

По последниот свиреж на судијата, еден од помошниците на Серген Јалчин тргна физички да се пресмета со Марио Балотели, но веднаш притрчаа лица од двата табора и спречија поголем инцидент.