24фудбал

Фиорентина доминираше цело полувреме, Интер со два гола во три минути го реши победникот (ВИДЕО)

Интер со три бода си замина од гостувањето во Фиренца, домаќините доминираа во првиот дел и на пауза заминаа со предност, но „нероаѕурите“ во продолжението за само три минути го свртеа резултатот во своја корист.

Италија

Интер привремено се искачи на врвот на табелата во Серија А откако вечерва со 1-3 славеше против Фиорентина.

„Виолетовите“ одлично го почна мечот, го ставија под притисок противникот и поведе во 23. минута, Гонзалез го проигра Сотил на подалечната статива за рутинска завршница и 1-0.

Шампионот на Италија прикажа премалку во првиот дел, но во продолжението од мечот, гостите во период од три минути направија целосен пресврт. Дармијан изедначи на 1-1 во 52. минута, за по еден корнер Џеко да погоди за 1-2 и водство на Интер.

Гонзалес направи голема глупост во 78. минута, премногу протестираше кај судијата па набрзина доби два жолти картони. Со играч помалку, Фиорентина не можеше да избегне пораз, до финишот на мечот, Перишиќ само ја потврди победата на Интер и ги постави конечните 1-3.

На вториот натпревар од 20:45 часот, Аталанта со 2-1 го совлада Сасуоло.

ivana@smt.mk