24фудбал

Анчелоти: Доколку Асенсио не е среќен...

Асенсио имаше понуди на маса, а можеше да си замине од Мадрид во летниот преоден рок, особено сериозен интерес за неговите услуги имаше од Тотнем и Милан.

Шпанија

Искусниот италијански фудбалски стратег Карло Анчелоти, за време на пресконференцијата во пресрет на утрешниот меч на Реал Мадрид против Мајорка говореше и за Марко Асенсио.

„Марка“ извести дека ситуацијата помеѓу Асенсио и Анчелоти не е на позитивно ниво, а сето тоа најмногу се должи поради малата минутажа која крилниот напаѓач ја добива.

Нормално е фудбалерите кои не играат да не се среќни“ рече Анчелоти.

Доколку Асенсио, Иско или Јовиќ не се среќни со минутажата, тогаш тоа е сосема нормално, но и добро, а сите тие тренираат добро, ќе имаат минути на терените“ додаде Италијанецот.

Морам да ја оценувам кондициската состојба на фудбалерите кои играле, размислувам за одредени промени уште на следниот меч, но најпрво ќе треба да ги проследам тренинзите, но, дефинитивно размислувам за одредени промени, не е лесно да се донесат одлуки околу почетниот состав“ заклучи Анчелоти.