24фудбал

Годините се само бројка за Роналдо, Португалецот најбрз на мечот со Вест Хем

На 36 години Португалецот запиша еден одличен статистички податок кој го направи број еден фудбалер на пресметката во Лондон.

Англија

Се чини дека годините се само бројка за Кристијано Роналдо кој одлично ја почна втората авантура во Манчестер јунајтед во својата кариера, откако запиша четири погодоци од три одиграни натпревари засега во новата сезона.

На последниот меч, во победата со 1-2 кај Вест Хем, „седмицата“ на Манчестер јунајтед потсети и на најдобрите денови во својата кариера, откако постигна максимална брзина од 32.51 километар на час во текот на еден спринт.

Тој статистички податок му донесе прво место во однос на брзината на мечот во Лондон, односно беше побрз од својот соиграч Арон Ван- Бисака, како и играчот на „Чеканите“, Џерод Боуен.