24фудбал

Унгарија доби парична казна, а ќе игра и два меча пред празни трибини

Англичаните со пет победи и едно реми се водечки во својата конкуренција по шест одиграни кола во мундијалските квалификации, Унгарците заостануваат шест бода зад лидерот.

Останато

ФИФА и изрече парична казна од 186 илјади евра на Унгарија поради расистичките испади на гледалиштето на мечот со Англија кој фаворитот го доби убедливо со 0-4.

Истовремено, од светската фудбалска организација донесоа и одлука Унгарија следните два меча на домашен терен да ги игра без присуство на публика, односно зад затворени врати.

Рахим Стерлинг и Џуд Белингам беа фудбалерите кон кои целеа домашните навивачи со расистички скандирања во текот на натпреварот, а истовремено кон гостите беа упатени и свирежи поради традиционалното клекнување на колена пред натпревар во знак на поддршка кон движењето „И животот на црномурестите е важен“.