24фудбал

Алегри: И јас сум човек, имам испади

„Старата дама“ нема победа по цели четири одиграни кола во новата сезона од „Серија А“, а Алегри не се воздржа да го сокрие револтот.

Италија

Масимилијано Алегри беше уловен од камерите како упатува пцовки видно револтиран поради лошото издание на неговите избраници во ремито против Милан кое заврши со резултат 1-1.

Алегри ги загуби нервите, а камерите ги „уловија“ неговите зборови (ВИДЕО)

Искусниот италијански фудбалски стратег застана во сопствена одбрана поради тоа однесување, велејќи дека и тој е човек.

Ова е сосема поинаков тим од оној кој го имав претходно“ рече Алегри во пресрет на утрешниот меч со Специја во рамките на петото коло од „Серија А“.

И јас сум човек исто така, имам испади, само барам почит од оние кои ги стартуваат натпреварите, но и оние кои стартуваат од клупата за резерви“ додаде тој.